Стапица за поетски соништа

ISBN:
978-954-471-717-9
Размери: 
18.5 × 11.5 × 0.5 cm
Брой страници: 
34 стр.
Година на издаване: 
2021
Рейтинг: 
0
Цена: 
0,00 лв.
Цена: 
0,00 лв.

Кога некој ќе рече „СТАПИЦА“, тогаш неминовно предизвикува негативна асоцијација, без оглед на тоа кому и зошто му е наменета. Но кога некој ќе ви понуди СТАПИЦА ЗА ПОЕТСКИ СОНИШТА, тогаш понудата е вредна за прифаќање, особено кога предизвикот на Ваша адреса доаѓа во вид на поетска книга, а ви го испраќа Наталија Недјалкова алијас ЗУМбула. Убеден сум дека ова нејзино литературно новородечне во многу нешта се разликува од се што досега сте прочитале. Иако книгата содржи само мал број стихувани минијатури, таа го докажува непишаното правило дека квалитетот е секогаш поважен од квантитетот. Од друга страна, читателот се соочува со чудесната реалност, колку големи можат да бидат малите нешта.

Ако СТАПИЦА ЗА ПОЕТСКИ СОНИШТА, случајно или намерно е Ваш ИЗБОР и со тоа влезете во поетскит КРУГ на авторката, ќе ја откриете оригиналната ГРАДБА врз нејзината творечка PRIMA MATERIA исполнета со ТИШИНА и стремеж да воспостави РАМНОПРАВНОСТ и РАМНОТЕЖА помеѓу една НЕБЕСНА МАТЕМАТИКА и ПРИМЕНЕТА АЛХЕМИЈА. На тој начин, со желба за три точки од авторовата ИНТЕРПУНКЦИЈА, ќе сфатите дека Наталија Недјалкова ве дарувала со РАДОСТ и духовно БУДЕЊЕ, а својата поетска книга со несомнена БЕСМРТНОСТ.

Едно е повеќе од сигурно, а тоа е дека СТАПИЦА ЗА ПОЕТСКИ СОНИШТА е всушност убава стапица за читателот, како и за авторот на овие редови...

Ѓорги Калајџиев

-------------------

Често задавани въпроси и отговори
CAPTCHA
Този въпрос е за тестване дали или не сте човек и да предпази от автоматизирани спам.

Издателство "Либра Скорп" не носи отговорност за съдържанието на коментарите. Призоваваме ви за толерантност и спазване на добрия тон.

Условия за ползване на коментарите

Посетителите, които разгледаха тази книга, видяха също:

8,00 лв.
Отстъпка:
-0.00 лв
Цена
8,00 лв.
3,00 лв.
Отстъпка:
0,00
Цена
3,00 лв.
0,00 лв.
Отстъпка:
-0.00 лв
Цена
0,00 лв.